Аларм во Евертон – Ќе „преживее“ ли Рафа до Арсенал?

од Vladimir Zorba

Бомбастичното доаѓање на Рафаел Бенитез во Евертон се покажа како не баш одличен потег на клубот од „Гудисон Парк“, а капката која ја прелеа чашата беше дебаклот во градското дерби против Ливерпул 4:1.

Овој пораз го донесе Евертон на само пет бода повеќе од Барнли и Норич кои се во зоната за испаѓање, што го вклучи алармот на „Гудисон“ и почна приказни за отказ на Бенитез.

Евертон е единствениот тим во лигата кој е поразен во сите три претходни натпревари, а дека Бенитез не е вистинското решение говори и податокот за поразот од последнопласираниот Њуклас.

Натпреварот против Арсенал во понеделник, ќе го затвори 15. коло во Премиер лигата, но гневот кај „сините“ од Ливерпул е толку голем што прашање е дали Рафа ќе ги пречека гостите од Лондон.

Според англиските медиуми, раководството на Евертон викендов ќе одржи состанок со шпанскиот стручњак, а тема ќе биде неговиот престој во клубот, а знаејќи дека во фудбалот се е можно, не е грешка да се праша дали ќе го води тимот против Арсенал во понеделник.

Слични содржини