Алармантно на Флорида: Во болниците за 20 денови – 83 отсто повеќе Ковид пациенти

од Nikola Popovski

Бројот на пациенти хоспитализирани со коронавирус во Флорида се зголемил за повеќе од 83 проценти за 20 дена.

Според податоците што Агенцијата за здравствена заштита ги доставила до телевизијата Си-Ен-Ен, на 4 јули, 5222 пациенти биле во болниците во оваа американска држава поради Ковид-19, а нивниот број денес е 9.215.

Вкупно, повеќе од 400.000 заразени лица се регистрирани во таа сојузна држава од 1 март, додека скоро 6.000 луѓе починале.

Слични содржини