Албанија ќе му понуди струја на Косово

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека побарал од Министерството за енергетика на таа земја да ја процени секоја можност за помош на Косово, за да не остане државата без струја за време на новогодишните празници.

Тој на својот Твитер напиша дека загрижено ја следи енергетската криза на Косово и Метохија и дека ситуацијата и во Албанија не е лесна, но дека не може, а да не го сподели со Косово тоа што го има.

– На Албанија не и е воопшто лесно да ги заштити семејствата и малите бизниси од растечкиот бран на енергетска криза што и се заканува на секоја земја, меѓутоа, за време на големи радости, како што е Новата година, не можеме а да не споделиме со Косово, тоа што го имаме, напиша Рама.

Од минатата среда на Косово и Метохија секојдневно се воведуваат двочасовни рестрикции на електрична енергија.

Слични содржини