Албанија купува противтенковски ракети „Javelin“: „Не создаваме паника…“

од Vladimir Zorba

Албанија купува противтенковски ракети „Javelin“ со цел да ја зајакне својата одбрана, потврди албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, пренесе АП.

Се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија „Lockheed Martin“, но не се наведува бројот на ракетите, цените и кога ќе бидат испорачани.

Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетата е модернизација на војската.

„Да не создавам паника – нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме“, рече министерот.

Пелеши, исто така, рече дека НАТО не претставува закана за ниту една земја, вклучително и Русија.

Тирана ја поддржува политиката на „отворени врати“ на Алијансата и влезот на Финска и Шведска во Алијансата.

Пелеши ги опиша како „две независни суверени земји со високи политички, правни и воени стандарди“.

Слични содржини