Албанија не е само туристичка дестинација – сè повеќе луѓе ја посетуваат и поради ова

од desk2

Албанија не е само популарна туристичка дестинација туку е и на добар пат да стане барана поради ниските медицински услуги, оценуваат албанските медиуми.

Премиерот Еди Рама го поддржува тоа определување и пренесувајќи ги впечатоците од задоволните туристи ја промовира Тирана како престолнина на “убавината и насмевките“, наведуваат од АТА.

„Со насмевките на многубројните туристи кои ја избираат Албанија, не само поради одмор туку и поради посета на стоматолог, ви посакувам убава недела“ – изјавил премиерот Рама.

Медиумите го наведуваат примерот од клиниката „Патување и насмевка“ од Тирана кој им нуди на своите клиенти нега на забите и естетска хирургија кои ги реализираат, како што наведуваат оттаму, најдобрите доктори по цени пониски од конкуренциите.

Туристите кои ја поседуваат Албанија поради медицински причини се од различни страни на светот – Франција, Швајцарија, Белгија…

Слични содржини