Албанија не престанува да се тресе

од Maja Serafimova

Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени ја погоди синоќа Албанија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот, што се случи во 21:37 часот, бил на 28 километри северозападно од Тирана на длабочина од околу 10 километри.

Според локалните медиуми, неколку минути подоцна уште еден земјотрес со јачина од 3,3 степени ја погодил земјата, а неговиот епицентар бил на длабочина од 21 километар, на 15 километри северозападно од Тирана.

Истото подрачје во попладневните часови го погоди земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер.

Според последните податоци, во силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември, загинале 47 лица, а повредени се повеќе од 2.000 луѓе.

Слични содржини