Албанија одлучи: Нема повеќе задолжителен карантин за лицата од Македонија

од Nikola Popovski

Албанија го укина задолжителниот карантин за лицата кои од Македонија и Грција влегуваат во нивната земја.

Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што беше воведен на 20 април, комитетот врз основа на барањето на Министерството за образование, млади и спорт дозволува отворање на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити, но со строга примена на протоколите и мерките за заштита“, изјавила Огерта Манастирлиу, министерка за здравство на Албанија.

Премиерот Еди Рама денес изјави дека Албанија нема да им наметнува посебни услови или пречки на оние кои годинава сакаат да летуваат во таа земја.

Рама на прес-конференцијата рече дека влегувањето во земјата ќе биде полесно за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија отколку минатата година и дека на туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирусот, пренесува албански „Daily News“.

Според него, резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат.

„Од епидемиолошка гледна точка сме во поволна состојба. Продолжуваме со вакцинација со брзо темпо. Нашата цел е милион вакцинирани“, рекол Рама.

Со вакцинација се опфатени 537 илјади лица, при што над 100 илјади ги примиле и двете дози.

Слични содржини