Албанка од Колорадо направи неверојатна работа за семејството на младиот Србин кој загина во масакрот во САД

од Nikola Popovski

Светската јавност неделава беше згрозена од крвавиот настан во американската држава Колорадо. Локалните медиуми ги пренесуваат зборовите на албанката Едита Малоку од Колорадо, која вели дека кога го видела списокот на жртви и презимето на Невен Станишиќ, „веднаш знаела дека тој е Србин“.

– Не можам ни да замислам како би се чувствувала кога тоа би бил мојот син – вели Едита, која ја започнала кампањата „GoFoundMe“ за да му помогне на семејството на Невен, кој загина во нападот во супермаркетот.

Како што вели, од оваа трагедија би морало да се изроди барем бришењето на националните поделби. Таа не го кажува тоа само затоа што е Албанка од Косово.

– Дојдов во Америка со семејството во 1999 година. Имам двајца браќа, две сестри и родители и сите дојдовме како бегалци од војната – вели Едита.

Во интервју за американскиот портал „thedenverchannel.com“, таа ја коментирала сложената ситуација меѓу Србите и Албанците.

– Навистина е тажно и се одвива со генерации. Јас сето тоа го поминав, но со текот на годините дојдов до емотивно заздравување. Сега гледам се повеќе сличности, а не разлики со Србите – вели Едита.

– Мислам дека ако двете страни додадат малку повеќе љубов и ја остават политиката настрана, ќе видиме колку заеднички работи имаме. Нашето потекло, семејната историја се слични. Причините зошто дојдовме во Америка се слични, она што го бараме тука и ние и семејството на Невен е дека дојдовме за мир. Можев да бидам на местото на Невен. Единствено што ме спаси беше времето на заминување, затоа што честопати сама одам во таа продавница – вели Едита, додавајќи дека се надева дека ќе има можност да се сретне со семејството на Невен и лично да изрази сочувство.

Слични содржини