Албанска агенција: БЕСА може да ја напушти коалицијата поради одобрените проекти од страна на Министерството за култура

од Vladimir Zorba

Движењето БЕСА можно е да ја напушти владата поради одобрените проекти од страна на Министерството за култура, каде што Албанците се дискриминирани, пишува албанската новинска агенција „ИНА“.

Заменик министерот за култура, Седат Сулејмани во изјава за ТВ21 изјави дека резултатите кој што беа објавени од страна на министерката за култура Ирена Стефоска се дескриминирачки.

-Одлуката на министерството е дискриминирачка и надвор од секоја логика. Јас неколку пати се обидов да бидам дел од процесот од годишната програма, но министерката го злоупотреби тоа што законот и го дозволува, повикуваќи се на истиот и тоа дека таа одлучува за се, изјави заменик министерот Сулејмани.

Слични содржини