Албанската полиција продолжува со акцијата на откривање и уништување цели насади со канабис сатива, јави дописникот на МИА.

132666689-540x280

Во последната акција спроведена во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на градот Круја се уништени 40 парцели со над 4.000 стебла марихуана. Уапсени се две лица на возраст од 39 и 26 години, кои пред Судот во Круја ќе одговараат за „одгледување наркотични растенија“.

За неполни два месеца од почетокот на широката операција за уништување на парцели засадени со канбис сатива, албанската полиција уништила околу 30 илјади стебла од ова наркотично растение.

Во подрачјето на Тепелена, Ѓирокастро и Тропоја уништени се други над 600 стебла марихуана.

Марихуната е распослана на целата територија на Алабнија, а најмногу во подрачјето на Валона, Тепелена, Круја и Скадар. По падот на „бастионот Лазарат“ лани во јуни, а потоа и на Дукаѓини, сега се чини дека марихуната се размножи ширум земјата, констатираат меѓу другото албанските медиуми.

Слични содржини