Албанската полиција откри 22 мигранта, меѓу нив 10 деца

од desk3

Продолжуваат обидите на илегални мигранти од Блискиот Исток, да влезат во Албанија и патот да го продолжат кон земјите на ЕУ.

 

Албанската полиција во близина на албанско-грчката граница, во пограничните села Врник и Трестеник откри група од 22 мигранта, меѓу кои и 10 курдски, авганистански и сириски деца.

По извршените стандардни процедури се однесени во прифатниот центар Бабру, во близина на Тирана.

Граничната полиција заедно со офицерите на Фронтекс продолжуваат со зајакната контрола на границата,но феноменот продолжува и во просек дневно се откриваат по 20 мигранти.

Според Управата за граница и миграција, во изминатиот период од годинава албанската полиција открила околу 8.000 мигранти, што е за околу 40 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Слични содржини