Албански државјанин незаконски ловел во Македонија

од Milan1

Вчера во с.Горенци, општина Дебарца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични содржини