Албански хакер украл повеќе од 500.000 евра во биткоини

од Vladimir Zorba

Албанските истражители се приклучија на меѓународен истражен тим за да откријат мрежа на хакери кои успеале да украдат 504.000 евра. Се сомнева дека во таа мрежа се наоѓа 28-годишен државјанин на Албанија, кон кого посочуваат одредени траги.

Според порталот „Репортери“, мистериозниот хакер се трага по серија акции извршени од Бугарите и Германците кои посочуваат дека младиот Албанец е одговорен за измама и има улога во плаќањето за домени, веб-страници и ИТ-инфраструктура.

Мрежата на измамници функционирала така што привлекувала жртви и им ветувала да тргуваат со акции и криптовалути на веб-страниците претставени како крипто-пазари.

Откако жртвата ќе се пријави на платформата – и за да го стори тоа морала да остави лични податоци и телефонски број, сторителите ќе ја контактираат предлагајќи да инвестира во мали количини со ветување дека брокерот ќе инвестира голема валута. По некое време, повиците ќе престанече и вложените пари ќе исчезнеле.

Биткоин, инаку, на почетокот на овој месец достигна рекордна вредност од 23.000 долари.

Слични содржини