Албански портал: ДУИ ќе поддржи предвремени избори ако во јуни нема почеток на преговорите

од Берта Китинска

Ќе има предвремени парламентарни избори доколу во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија , информира извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД Политик“.

„Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори“, вели изворот на „КД Политик“.

Според пишувањето на порталот, ,на предвремените избори ДУИ нема да оди во предизборна коалиција со македонските партии – ниту со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ.

Официјално, од партијата велат дека немаат конкретен став за можноста за предвремени избори, но не ги демантираат информациите на „КД Политик“.

Слични содржини