Алегри најголемата опасност за трофејот ја гледа во Интер и Наполи

од desk2

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, рече дека главните ривали на неговиот тим во борбата за шампионскиот трофеј се Интер и Наполи.

– Јувентус не ја убил интригата на италијанскиот шампионат. Сè уште не победивме многу натпревари и не чека долг пат. Интер и Наполи се наши главни конкуренти во борбата за првенството. Но, ние мирно ќе го продолжиме нашето патување понатаму, вели Алегри.

„Старата дама“ се наоѓа на првото место на табелата со 40 бода по 14 круга. Наполи со 32 се наоѓа на втората позиција, додека Интер е трет со 29 бодови.

Слични содржини