Алегри пред отказ од Јувентус!?

од Vladimir Zorba

Јувентус има кошмарен старт, и тоа би можело да го чини работата на Масимилијано Алегри.

Малкумина очекуваа дека „црно -белите“ од Торино ќе имаат еден бод на сметка по три одиграни кола, а веќе се лицитира за наследникот на Алегри.

Зинедин Зидан, поранешниот играч на Јувентус и легендарниот тренер на Реал Мадрид, со кого освои три последователни титули во Лигата на шампионите, се споменува како најголем фаворит за функцијата нов тренер на Јувентус.

Сепак, квотата за доаѓање на славниот Французин е се уште огромна и навистина е тешко да се очекува дека во блиска иднина ќе седне на клупата на „Бјанконерите“.

Меѓутоа, ако Алегри итно не промени нешто во играта на Јувентус, се е возможно…

Слични содржини