Алегри застанува на чело на ПСЖ?

од Vladimir Zorba

Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри треба да се врати на тренерството по едногодишна пауза, а медиумите наведуваат дека тој би можел да ја продолжи кариерата на клупата на француски Пари Сен Жермен.

Поранешниот тренер на Јувентус се одмори откако го напушти Торино, а италијанската „Ла Стампа“ пишува дека 52-годишниот стручњак би можел да го замени Томас Тухел во Париз.

Алегри ја напушти „Старата дама“ во 2019 година по пет титули во Серија „А“ и четири Купа на Италија, но и две загубени финалиња во Лигата на шампиони.

Тој претходно ги водеше Каљари и Милан, со кои беше и шампион на Италија.

Слични содржини