Алек Болдвин првпат се огласи по трагачината смрт на колешката откако случајно ја застрела

од Берта Китинска

По трагедијата на филмскиот сет на „Рѓа“., каде што Алек Болдвин случајно ја застрела и уби колешката Халина Хачинс, актерот се огласи на Твитер:

„Нема зборови со кои можам да ги искажам шокот и тагата во врска со трагичниот инцидент кој ѝ го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и многу ценета наша колешка. Во целост соработувам со полициската истрага за да откриеме како се случи оваа трагедија и во контакт сум со нејзиниот сопруг, давајќи ја мојата поддршка за него и неговото семејство.Моето срце е скршено за нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја знаеја и сакаа Халина“.

Бројни познати актери и вработени во филмската индустрија се огласија на социјалните мрежи по трагичниот настан на снимањето на филмот „Рѓа“. Сите пишуваа дека смртта на Халина била апсолутно застрашувачка, а режисерот Џејмс Ган признал дека еден од неговите најголеми стравови бил некој да биде фатално повреден на неговиот сет.

Против актерот засега не е покренато обвинение, а во тек е полициска истрага и утврдување на сите околности.

Слични содржини