Алекс Родригез се пофали дека изгубил тежина откако раскина со Џеј Ло

од Vladimir Zorba

Поранешниот професионален бејзбол играч Алекс Родригез ја сподели својата трансформација на Инстаграм. Тој откри дека ослабел откако раскинал со латино убавицата Џенифер Лопез.

Иако беа видени на вечера пред неколку дена, поранешниот спортист е насочен кон други работи.

Тој објави слика „пред и потоа“ на Инстаграм, која споредува како изгледал во декември 2020 година и како изгледа денес, во мај 2021 година.

„Го оставив телото стар татко во 2020 година“, напиша тој.

Неколку дена пред тоа, тој се пофали со мускулите на фотографијата што потврдува дека ја примил втората доза на вакцина против КОВИД-19. Неговите обожаватели во коментарите веќе забележаа дека Алекс изгледа добро.

Слични содржини