Александар-Арнолд со уште достигнување во Англија

од Vladimir Zorba

Синоќа Ливерпул направи уште еден чекор кон титулата во Англија. Тимот од Мерсисајд направи пресврт на домашен терен против Вест Хем и победи со 3-2, откако заостануваше 1:2 до средината на второто полувреме. Во срцето на успехот беше десниот бек во изборот на Јирген Клоп – Трент Александар-Арнолд.

Дваесет и едно-годишниот дефанзивец центрираше за првиот гол на Жоржино Вајндалум во првото полувреме и потоа подаде на Садио Мане за третиот гол на „црвените“ во мечот. На овој начин, Александар-Арнолд веќе има 12 асистенции оваа сезона. Можеше да бидат дури 13 до крајот на мечот, но вториот гол на Мане беше поништен поради офсајд.

Пос вчерашниот натпревар, Александар-Арнолд е втор по асистенции во Премиер лигата, а само Кевин Де Бруин има повеќе од него (16). Десниот бек има и 24 асистенции во ПЛ во последните две сезони и асистирал за повеќе голови во Премиер Лигата отколку заедно Мохамед Салах и поранешни играчи на Ливерпул Луис Суарез и Шаби Алонсо.

После вчерашниот успех, на тимот од Мерсисајд им треба уште 4 успеси за да ја освојат Премиерлигата оваа сезона.

Слични содржини