Алексова: Засега не можеме да размислуваме за развивање на туризмот во С. Македонија

од Andreja Salpe

Ана Марија Алексова, член на УО на туристичко-угостителската комора, во свето гостување на „Телевизија 21″истакна  дека има повеќе причини за протест на туристичките работници, меѓу кои е и тоа што тие не можат да си ја вршат својата дејност повеќе од 13 месеци.

„Туристичките агенции не се затворени со одлука, како што се угостителските објекти, меѓутоа на индиректен начин ние не вршиме дејност повеќе од 13 месеци. Како започна ковид кризата со откажувањето на аранжманите минатата година, значи уште од март месец со осмоматровските патувања така трае цела година“, вели Алексова.

Таа истакнува дека за жал скоро сите европските држави се затворени за нашите граѓани, додека пак тие земји што дозволуваат влез имаат барања како што се карантин, ПЦР тест…

„Токму од таа причина што сме црвена зона, засега не можеме да размислуваме за развивање на туризмот и во Македонија и во другите земји“, вели Алексова.

Слични содржини