Алесандра Амбросио позираше со својата ќерка во бикини

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата манекенка Алесандра Амбросио и нејзината ќерка Ања позираа заедно за линијата на костими за капење на Алесандра.

Манекенката Алесандра Амбросио позираше со својата 12-годишна ќерка Ања Луиз за време на презентацијата на својата нова линија костими за капење „Гал Флорипа“.

Таа објави низа заеднички фотографии на својот Инстаграм профил, а следбениците забележаа дека Ања е помлада верзија на нејзината мајка.

„Прекрасни, толку многу си личите“, „Повеќе личите на сестри“, „Ања ја наследи добрата генетика“, „Како близначки сте“ – се само дел од коментарите под фотографиите.

– „Гал Флорипа“ е линија костими за капење што ја поддржува женственоста и ги слави односите меѓу жените, а нема ништо посилно од врската помеѓу мајката и ќерката. Како дел од таа врска, решив да создадам колекција за мајки и ќерки – изјави Алесандра за „Пипл“.

Слични содржини