Али Ахмети не подлегнува на ултиматуми, „Огнената група“ може да се збогува со ДУИ

од Destan Jonuzi

На денешната средба меѓу фронтменот на „Огненат група“ Муса Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети на маса ќе има три опции за договор, смета политичкиот аналитичар Џељаљ Незири.

– Има 3 опции, прво „Огненат група“ ќе се согласи со овие кадровски решенија на Ахмети во извршната власт, второ Ахмети ќе им каже да си направат своја куќа (партија) и трето е вицепремиерското место да им се даде на „Огненат група“, изјави Незири во телевизиско гостување на Тв21.

Според него, најможна опција е одвојување на групата од ДУИ, а колку ќе и наштети ова одвојување е друго прашање, но предходните одвојувања од ДУИ немал успех.

Поранешниот потпреседател на ДУИ и визок функсионер, Рафис Алити во истата дебатна емисија нагласи дека: „Колку што го знам Али Ахмети и „Огнената група“, тој (Ахмети) нема подлегне на ултиматуми“.

За аналитичарот Имер Селмани незадоволството во ДУИ нема врска со функсцијата на првиот вицепремиер, Артан Груби, туку едноставно со Али Ахмети. Селмани не верува дека Али Ахмети ќе го менаџира ова незадоволство.

Д.Ј.

Слични содржини