Алијанса: Колективните права на Албанците зависат од бројките на пописот

од Берта Китинска

Алијанса за Албанците со реакција по повод изјавата на Зоран Заев околу пописот.

„Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ. Колективните права на Албанците зависат од бројките и тоа го вели Уставот, а пак Заев не е над највисокиот правен акт. Во меѓувреме, Артан Груби веќе докажа колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку има право да зборува за унапредување на правата.Ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикаа сомнежи за тоа што се случува со пописот. Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат оттчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и над податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките.“, се вели во соопштението од Алијанса.

Слични содржини