Алијанса на Албанците: Османи да ги запре патувањата низ Европа, залудно се шета со пари на даночните обврзници

од Nikola Popovski

„Владата  СДСМ-ДУИ ја доведе Република Северна Македонија во состојба на невидена изолација на нашата  земјата блокираји го процесот на интеграција поради лошото менаџирање и лошото петгодишно владеење. Но, ова не му пречи на Министерот за Надворешни работи  Бујар Османи да продолжи да шета со парите на даночните обврзници, по земјите кои нема потреба да се убедуваат за отворање на преговори за влез во ЕУ, како што се Германија, Данска и Шведска“, обвинува портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети на денешната прес-конференција.

Беџети рече дека од Владата долго време лажат за добивањето датум за преговори и дека ги прикриваат неуспесите со патувања низ Европа само со фотографирање, сето тоа платено со пари на даночните обврзници.

„Сите овие години Бујар Османи заедно со Заев и Димитров лобираа по европските ходници за одвојување од Албанија, претставувајќи ја неа како пречка за Северна Македонија кон патот кон Европа. Сега откако европските институции отворено говорат дека Албанија ги завршила зададените задачи и дека проблемот е до Северна Македонија, Османи ја промени позицијата и почна да лобира да не се одвојат Северна Македонија и Албанија, значи токму спротивното на тоа што го правеше три години по ред. Османи се претвори во маскота на изолацијата и на неуспехот за интеграција на Северна Македонија. Сега оваа маскота ги пречекорува сите граници и почнува да и штети на Албанија“, истакна Беџети.

Порпаролот го повика министерот Османи да ги запре патувањата, нарекувајќи ги залудни и скапи во време кога граѓаните се осиромашени од лошото менаџирање на оваа Влада поради пандемијата.

Слични содржини