Алијанса за Албанците: Зошто за албанскиот ученик македонскиот јазик треба да биде задолжителен?

од Vladimir Zorba

Нашата визија за „Држава за Сите”, е комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници да биде во таква форма што секој од нив да зборува на свој јазик, но да се разберат без никаков проблем, велат од коалицијата на „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“.

„Ние како коалиција потсетуваме дека ветувањата на ДУИ во новиот концепт за основното образование, беа дека албанскиот јазик ќе се учи како задолжителен предмет, а не избoрeн предмет, како што најави министерката Царовска пред неколку денови“, посочуваат од коалицијата на Села и Гаши, од каде сметаат дека новиот концепт за основно образование остава само на претпоставка дека албанскиот ќе го учат и учениците од, како што велат, заедницата која што е мнозинство во државата.

„Ако се мисли дека со ова решение се прави официјализирање на албанскиот јазик, се поставува прашањето зошто за албанскиот ученик, македонскиот јазик треба да биде задолжителен? Зошто да не биде и македонскиот јазик изборен предмет за албанските ученици“, прашуваат партиите на Зијадин Села и Африм Гаши.

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“ нагласува дека ова решение е идентично со она кога вработените во образованието се тестираат за познавање на јазикот.

„Вработените Албанци во образование треба да се тестираат на два јазика, додека Македонецот само на еден јазик. За да биде парадоксот уште поголем, за професорите кои предаваат македонски јазик како предмет кај учениците Албанци, не е задолжително да го позанваат јазикот на ученикот, албанскиот јазик, иако таа е втор официјален јазик во државата“, се наведува во соопштението.

Слични содржини