Алијансата за Албанците повика на референдумско изјаснување „за“ НАТО и „за“ ЕУ

од desk2

Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села во Гостивар повика на масовност и поддршка на претстојниот референдум. Тој на собирот во амфитеатарот во градскиот парк пред сопартијците и симпатизерите зборуваше за потребата која ја нарече природна, албанците од Македонија да бидат во НАТО и ЕУ.

– Да излезме на 30 септември масовно и да ги мобилизираме останатите. Така ќе им ја врачиме благодарницата на НАТО кои беа со нас кога опстанокот на Албанците на овие простори беше загрозен. Да гласаме „про“ и да ги направиме нашите домови и иднината посигурни, рече Села.

Лидерот на Алаијансата за Албанците во обраќањето ги критикуваше политиките и работењето на ДУИ за кои како што рече, долги години се на валаст, но не го подобриле статусот на Албанците во земјава.

– Добивме понуда да одиме заеднички во оваа кампања, но не прифативме, затоа што не сакавме да одиме заедно со корумпирани политичари. Ние ЕУ ја имаме донесено во општините со кои раководат кадри на Алијансата и таму функционира еднаквоста, а што добиваме за тоа? Само опструкции. Затоа ни треба побрзо да влземе во ЕУ и НАТО, подвлече Зијадин Сеља.

На собирот се обрати и генералниот секретар на партијата и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари појаснувајќи ги состојбите и проблемите на на локално ниво напомена дека сепак 90 проценти од Албанците се за НАТО и ЕУ.

– Тука е најтешко да се добие глас, бидејќи тука се води „војна“ помеѓу опозицијата и власта. Но, тоа не нé демотивира да одиме по патот по кој сме тргнале, по патот кон ЕУ и НАТО. Ние нема да гласаме за референдумот на власта и корумпираните политичари, ние ќе гласаме за НАТО и ЕУ, ќе гласаме за иднината на нашите деца, рече Таравари.

На собирот зборуваше и Азизи од централниот изборен штаб која искажа оптимизим во поддршката на граѓаните на претстојниот референдум.

Слични содржини