Алијансата за Албанците: Владата да се откаже од „Опен Балкан“

од Берта Китинска

Го поздравуваме започнувањето на Берлинскиот процес од канцеларот на Германија и постигнатите договори вчера меѓу шесте земји од Западен Балкан под водство на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, велат од Алијанаса за Албанците.

-Договорите за взаемно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации се многу важни за материјализирање на Заедничкиот регионален пазар. Но, политички најзначајниот договор е без сомнение оној за слободно движење со лични карти меѓу шесте земји од Западен Балкан, што значи уривање на последниот визен ѕид преостанат во регионот, тој меѓу Република Косово и Босна и Херцеговина.

Ова достигнување уште еднаш потврдува дека Берлинскиот Процес е единствената рамка за економско-политичката интеграција на регионот, решавањето на преостанатите пречки за постигнување на Заедничкиот регионален пазар и единствениот пат за постепена интеграција на Балканот во Единствениот европски пазар.

Докажано е дека проектот Отворен Балкан не придонесува во зголемување на регионалната соработка, но, напротив ги продлабочува раздорите и негативно влијае во вистинската интеграција на регионот минирајќи ја имплементацијата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот Процес. Ова се потврди и од Извештајот за прогресот 2022 година за Македонија, во кој се оценува дека имплементацијата на четирите слободи на движење на Единствениот пазар останува меѓу најслабите точки на европските реформи во земјата.

Затоа, ја повикуваме владата на Македонија од сега па натаму да ја посвети целата своја енергија на спроведувањето на акцискиот план 2021-2024 година на Заедничкиот регионален пазар. Импровизациите и авантурите во паралелни, исклучувачки процеси и кои водат кон еден Западен Балкан со две брзини мора веднаш да се прекинат, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците, соопштија од АА.

Слични содржини