Алиоски потврди – се сели во саудиски Ал Ахли

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалскиот репрезентативец на Северна Македонија, Езџан Алиоски, денеска потврди дека од следната сезона ќе игра за саудискиот клуб Ал Ахли.

Поранешниот фудбалер на Лидс објави на Фејсбук дека ќе потпише договор со Ал Ахли „на роденденот на претседателот на клубот, Мајед Ал Нафаи“.

Заедно со видео пораката, Алиоски, кој се сели во Ал Ахли како слободен агент, објави и видео од тој клуб со кое се потврдува заедничката соработка.

Минатата недела медиумите објавија неофицијални информации дека Алиоски договорил двегодишен ангажман вреден пет милиони евра со саудискиот клуб.

Фудбалскиот клуб Ал Ахли беше шампион на Саудиска Арабија пет пати, еднаш ја освои арапската Лига на шампиони и еднаш се пласираше во финалето на азиската Лига на шампиони.

Слични содржини