Алиша Милано ги објави вознемирувачките последици од коронавирусот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Скоро милион и пол луѓе до моментов го виделе предупредувањето објавено од актерката Алиша Милано, откако таа се зарази со коронавирусот. Во видеото што го објави на социјалните медиуми, таа покажа една од последиците од инфекцијата, а тоа е опаѓање на косата.

„Дозволете ми да ви покажам што прави короната на вашата коса. Ве молам, сфатете го сериозно вирусот и носете маска“, рече Милано со видеото.

Во видеото, таа покажа колку коса и паѓа при чешлање, а актерката не е редок случај. Неодамна, истата работа ја покажа и Грејс Дадли од Есекс, чија коса паднала толку многу по ковидот што деновиве носи перика.

„Секој пат кога ја чешлав косата, губев куп коса. На крајот, се загрижив и отидов на преглед, каде ми кажаа дека тоа е последица на ковид. Лекарот ми рече дека, бидејќи сум била на работ на смртта, телото ги укина сите функции што не се важни, вклучително и развојот на фоликулите“, вели таа.

Бидејќи сè повеќе жени го пријавуваат овој проблем, лекарите зборуваат за тоа и засега го препознаваат како телоген ефлувиум, што е втор најчест вид губење на косата кај жените и станува збор за нарушување на скалпот и растројство на растот на косата.

Телоген ефлувиум е многу често привремен и излечив. Во многу случаи, тоа трае околу половина година, и ако трае подолго, станува хронично.

Слични содржини