Алисија: Мојот син и јас заедно се бањаме

од Vladimir Zorba

Американската актерка Алисија Силверстон (43) е добро позната застапничка за правата на животните и веганските диети, и често предизвикува бес во јавноста заради нејзиниот активизам и неконвенционалните методи на одгледување дете.

Таа неодамна повторно ја шокираше јавноста откривајќи детали за рутината со нејзиниот син, по име Беар Блу (9), за време на самоизолација поради пандемија на коронавирус.

„Мојот син и јас заедно се бањаме во кадата и кога тој не е со мене, јас сама се бањам и навистина ме охрабрува и смирува“, изјави таа за „ујорк Тајмс.

Пред осум години, светот се чудеше кога изјави дека пред да му понуди на нејзиното дете закуска, таа прва ја џвака во уста. Таа исто така јавно зборуваше за спротивставување на вакцините.

Алисија е добро познат поборник за веганскиот стил на живот, и така живее нејзиниот син, иако портпаролката на актерката за „Њујорк Тајмс“ изјави дека детето претпочита таква диета.

– Кога го зачнавме Беар јадев кафеав ориз, го јадев додека тој беше во стомакот и додека го дое, а сега тој јаде кафеав ориз. Поради таквата диета, тој денес е мирно момче и нема изливи на лутина. Не мора да му викам или да врескам. Нема потреба, само треба да кажам: „Не, благодарам“ и тој прифаќа таков одговор, рече таа неодамна.

„Луѓето кажуваа секакви работи за мене, дека јас сум чудна и претпоставувам дека сум горда на тоа затоа што е тешко да се биде личност која гласно се залага за своите ставови и тешко е да се биде човек кој вели дека другите луѓе навистина не сакаат да ги слушнат“, објасни таа.

Ѕвездата на „Clueless“ го доби синот со рокерот Кристофер Џареки, кој траеше 13 години. За разводот беше објавено пред две години.

Слични содржини