Алисон Феликс освои бронза, утре може да го надмине Карл Луис

од Vladimir Zorba

Со своите 35 години, Алисон Феликс е една од најбрзите жени во светот. Во трката на 400 метри, таа беше зад Шони Милер од Бахамите и Мерилада Паулино од Доминиканската Република, но може да се гордее со бронзата. Така стигна до 10-тиот медал на Олимписките игри, колку што освои и легендарниот Карл Луис.

Таа квантитативно ја надмина Марлен Оти, која има девет олимписки медали, но нема злато (0-6-3). Феликс ја освои првата бронза, а во Токио пристигна со шест златни и три сребрени медали.

Таа се уште не го кажала последниот збор. Утре ќе биде во финалето на трката 4х400 метри. Доколку освои нов медал, таа ќе го прескокне Карл Луис на вечната листа. Легендарниот Американец освои девет златни и еден сребрен медал од 1979 до 1996 година.

Феликс сега има шанса да се запише во историјата. Заземањето на второто место на вечната листа би било голем подвиг. На првото, сепак, е неприкосновениот Финец Павo Нурми (9-3-0).

Слични содржини