Алиу: Партиите на Албанците ќе ретерират за уставните измени во име на интеграцијата на државата

од Destan Jonuzi

Уставните измени ќе се случат само за прашањата што се бараат во преговарачката рамка, а партиите на Албанците како прв пат ќе кренат раце од нивните дополнителни барања за уставните измени, вели аналитичарот и правник Ќенан Алиу, коментирајќи ги изјавите на претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула Фон дер Лајен дека е оптимист за уставните измени и изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека не треба да се брза со процесот на уставни измени.

– Овде има нијанса на дисонанца, но само во однос на тактиката меѓу претседателот и владата како фактор во надворешната политика на земјата. Во меѓувреме, Урсула фон дер Лајен го осигурала владата во ова, бидејќи се чини дека лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски како да ретерирал во нијанси, и тоа негово ретериње можеби може да се обработи на различни начини. Уставните измени ќе се случат, но верувајте дека и партиите на Албанците ќе ретерира. Како прв пат нема да се прават други измени освен она што се бара во преговарачката рамка, се разбира, образложувајќи како и засекогаш во име на интеграцијата на земјата, изјави Алиу за „Локално“.

Фон дер Лајен на средбите со државниот врв во Скопје изрази оптимизам дека ќе се постигне мнозинство и ќе се изгласаат неопходните уставни измени за напредок на земјата на патот кон ЕУ. Од друга страна, претседателот на државата Стево Пендаровски изрази резерва за ова прашање и изјави дека политичката елита не треба да брза со процесот на уставни измени.

– На билатералната средба разговаравме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурен сум дека народот на Северна Македонија ќе го достигне мнозинството и ќе гласа позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурен сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да придонесат земјата да оди напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите кои сакаат да бидат дел од ЕУ, изјави Фон Дер Лејен.

Од друга страна Пендаровски смета дека не треба да се брза во процесот на уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот затоа што има 14 месеци до завршувањето на процесот на скрининг. Дотогаш, вели, може да детектираме и поправиме нешто во однос на потребните реформи, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се види дали се има потребното дотретинско мнозинство.

– По мене суштински е во тој процес да не се оди со главата нанапред без да се мисли каде евентуално може да удриме. Не би сакал ни случајно, ниту како граѓанин, ниту како претседател да видам процеси слични на усвојувањето на Преспанскиот договор. Мојот совет до Владата и до јавноста е да одиме плански и да не брзаме во тој процес. Имаме 14 месеци скрининг. Не мислам дека тоа треба да биде апсолутен политички приоритет број еден. Ние имаме толку многу реформи со скрининг да ги детектираме и поправиме и кога ќе дојде време на крај тој процес тогаш ќе прашаме во Парламентот имаме ли сега двотретинско мнозинство, вели претседателот Пендаровски.

Тој смета дека се смешни тврдењата на опозицијата дека ќе се изборат за нова преговарачка рамка, или за поништување на Преспанскиот договор.

– Тоа е приказна за мали деца. Ќе го преговараме Преспанскиот или нова рамка. Од она малку што го знам нешто за меѓународни односи и преговори, а ги имаше многу од Рамковниот договор во 2001 навака, тврдам дека тоа е невозможно. Можно е само ако државата се вика САД, Франција, Германија, Кина Русија …, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека во однос на францускиот предлог има нова анкета за поддршката од македонските граѓани која бележи, според него, поприлично голем пад на оние кои се против него.

Д.Ј.

Слични содржини