Алкалоид со победа го почна Европскиот клупски куп

од Aleksandar Petrovski

Шахистите на Алкалоид успешно стартуваа на годинешниот Европскиот клупски куп во Улцињ, Црна Гора. Тие вчера во првото коло, извојуваа висока победа од 5:1 против екипата Мосан од Белгија.

Цел поен за „Фармацевтите“ обезбедија Шанкланд, Криворучко, Ковалев и Недев, додека реми партии одиграа Андреикин и Инаркиев.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви на кои останатите фаворити како што се Медни Садник, Нови Бор и Падова остварија победи.

Следен противник на македонскиот шампион е тимот на Раика Рапид од Австрија. Партиите од второто коло ќе с еиграат денес со почеток во 15 часот.

Слични содржини