117
Tренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо денеска одби да ги коментира написите во некои медиуми кои тврдат дека тој ќе стане тренер на Реал Мадрид на лето и нагласи дека не е време да се зборува за иднината.
Некои шпански и германски медиуми објавија дека Чаби Алонсо ќе го замени Карло Анчелоти во Реал Мадрид на крајот на сезоната, пред почетокот на Светското клупско првенство.
„Ова не е добар момент да зборуваме за иднината. Се наоѓаме во исклучително важен период од сезоната. Не сакам да зборувам за гласини. За мене најважно е што се случува сега и што го чека мојот клуб до крајот на сезоната“, изјави Шпанецот на денешната прес-конференција.