Алонсо се враќа во Формула 1 на 39 години!

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот шампион Фернандо Алонсо, наводно, веќе има потпишано договор со Рено, но тоа засега не е официјално, јавува Би-Би-Си.

Иако е на прагот на петтата деценија од животот, бидејќи има 39 години, Алонсо од трките во Индијанаполис и Инди 500, ќе се префрли во Формула во 2021.

Трката во Индијанаполис го чека во август и тој ќе ја вози во Мекларен. Ова е трет обид за победа, па тој ќе се врати во Ф1 три години по повлекувањето во 2018 година.

Алонсо ги остави своите најдобри денови во Формула 1 долго зад себе затоа што беше светски шампион во 2005 и 2006 година, а во својата кариера возеше за Рено, Мекларен, Ферари и Минарди.

Би-Би-Си пишува дека Рено засега не сакал да ги коментира гласините, но британскиот јавен сервис додава дека сè наскоро ќе стане јавно и официјално.

Алонсо собра 32 победи на 314 трки и беше на подиумот уште 65 пати. Покрај Формула 1, Алонсо возеше 24 часа на Ле Ман, Дакар Рели и се испроба и во Индијанаполис.

Слични содржини