Алонсо: Верстапен е поблизу до титулата во Формула 1

од Stefanija Kuzmanovska

Битката за титулата помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон го врати својот шарм во шампионатот во Формула 1. Поранешниот двократен светски шампион Шпанецот Фернандо Алонсо верува дека Холанѓанецот, како и неговиот тим Ред Бул, е поблизу до титулата отколку Британецот и Мерцедес.

– Верстапен е во подобра форма и во моментов е во водство. Но, сè може да се сврти заради еден лош круг. Сепак, далеку е поважно дека работите се искомплицираа по долго време, дека Луис Хамилтон и Мерцедес повеќе не се доминантни – истакна Алонсо.

Слични содржини