Alpine A390_β на саемот во Париз

од Vladimir Zorba
21 прегледи

За овогодинешниот автомобилски саем во Париз, брендот Alpine најавува и промоција на концептот A390_β.

Ова е всушност најава за идниот електричен „спортски фастбек“ модел кој ќе почне да се произведува во 2025 година.

Alpine во моментов не открива многу, но се очекуваат повеќе информации пред премиерата која ќе се одржи на 11 октомври.

Уште во 2022 година се зборуваше дека ќе се базира на најновата верзија на платформата CMF-EV. Потоа минатата година моделот беше најавен како Crossover GT од сегментот C, кој ќе игра важна улога во иднината на марката.

Заедно со другите нови модели, тој би можел да се нуди на глобално ниво, бидејќи Alpine најави дека планира да влезе во Азија, како и во САД, почнувајќи од 2027 година.

Слични содржини