Алтеранатива денеска ќе донесе одлука : Ќе биде ли дел од владината коалиција СДСМ-ДУИ ?

од Берта Китинска

Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена денеска на седница на највисокото партиско тело – Централен совет.

Лидерот на партијата Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.
Лидерите на СДСМ и Алтернатива се крајно воздржани за содржината на разговорите, но во јавноста се шпекулира дека на Алтернатива би ѝ припаднала можноста да раководи со ресорите здравство и земјоделие, но нема потврда дали тоа биле и преференциите на партијата, или некој друг ресор(и).

Партиската средба ќе почне вечер во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово.

Вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби очекува Алтернатива да биде дел од владата.

„Алтернатива“ во Влада, а со тоа и зголемување на актуелното парламентарно мнозинство, и добивање на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ). Ова се очекувањата на Груби што ги испорача во гостувањето на ТВ 24.

Очекувам „Алтернатива“ да бидат дел од парламентарното мнозинство и владината коалиција зошто ги делиме истите вредности. И тие сакаат да ја видат Македонија интегрирана во ЕУ, го поддржуваат членството во НАТО, ја поддржуваат имплементацијата на Охридскиот и Рамковен договор. Немаме разлики во стратешките интереси на државата. Треба реконструкција на владата, а не цел нов кабинет, вели Груби.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не се согласува со преговорите кои ги има партијата Алтернатива за влез во Владата.
-Алтернатива ги губи вредностите со самата поддршка на Владата и тоа е непринципиелно за мене, ако веќе сте дале збор за соработка и спротивно на подадената рака, вели Мицкоски во дебатната емисија на ТВ Алсат.

Според неговите информации, Алијанса на Албанците останува позади тие заеднички вредности, што ги имаа со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

-Би сакал да работиме заедно и на централно ниво. Ние се уште не сме во коалиција, туку имаме дадено збор, потенцира Мицкоски.

Тој истакна дека останува во политиката и ќе се потруди да го создаде најдобриот тим, кој постоел на политичката сцена, за да ги „порази медиокритетите“.

-Постојат луѓе во политиката, за кои се прашувате дали воопшто со нив вреди да работите иста работа или не вреди воопшто да се мачите, смета Мицкоски и додава дека разговарал со Гаши, додека лидерот на Алтернатива преговарал со премиерот Зоран Заев.

-Му кажав дека не можеш да ја поддржуваш владата, а од друга страна да се убедуваме ние двајца дека тоа е исправен чекор. Не е правилно. Политички ќе имаме високи резерви во однос на тоа и ќе изградиме гард, но како пријатели можеме да останеме.

Слични содржини