Алтернатива бара Пендаровски да не го потпишува барањето за помилување на Бобан Илиќ осуден за убиството на Алмир

од Берта Китинска

По информацијата дека министерот за правда Бојан Маричиќ доставил барање за помилување на Бобан Илиќ осуден за смртта на малиот Алмир бараме од претседателот на државата ова помилување да не го потпише , велат од Алтернатива.

Оттаму додаваат дека ова не треба да се случи, бидејќи како што објаснуваат од партијата не само што со помилувањето на убиецот ќе се амнестира убиството, туку и поради тоа што овој случај би можел да ја разниша и меѓуетничката доверба.

Затоа тие бараат јавно и од премиерот Заев да го потсети неговиот министер за правда Маричиќ дека на 5 ти декември тој потпишал договор со Гаши за соработка со Владата на Република Северна Македонија да побара од Европската Комисија да врши меѓународна истрага на судските случаи за кои постои основано сомнение дека има политички импликации, а помеѓу кој е и случајот на малиот Алмир Алиу.

Слични содржини