Алтернатива: Бескрупулозен непотизам на ДУИ, член на семејството на Ахмети именуван за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел

од Vladimir Zorba

Во времето кога стотици илјади Албанци секојдневно се принудени да ја напуштат својата татковина и да се преселат на запад, во отсуство на економската перспектива во земјата, во времето кога невработеноста, продлабочувањето на економската криза, растот на цените и, генерално, квалитетот на животот ги принудува младите Албанци да се одвојат од нивните семејства, од друга страна, продолжува бескрупулозниот непотизам на функционерите на ДУИ, кои со своите постапки продолжуваат да ја убиваат надежта на младите Албанци, соопштија од АлтернАтивА.

„Таков е случајот со членот на семејството на лидерот на ДУИ, Бесијан Ахмети. Членот на семејството на Али Ахмети, со одлука на министерот за економија, Крешник Бектеши и одобрение на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку партиското и семејното фаворизирање, именуван е за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел, заземајќи го местото на стотиците албански професионалци квалификувани за таа позиција.

Поради ова го прашуваме г. Ахмети за следново: Уште колку членови на семејството ви останале не сместени во државните институции?

До кога треба да чекаат Албанците додека „Династија Ахмети/ДУИ“ ќе се сити на нивен грб? Уште колку Албанци треба да се преселат за да се задоволи семејството Ахмети?

АлтернАтивА во оваа прилика ја повикува Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни институции да реагираат на срамниот непотизам на ДУИ на кој секојдневно сме сведоци.

Добрата вест во оваа несреќа е што следната година оваа ера на срамот згаснува, за да ù го отвори патот на новата надеж“, додаваат од Алтернатива.

Слични содржини