Алтернатива го одби предлогот на Мицкоски, утре ќе решава за кадровските решенија

од Берта Китинска

Алтернатива утре ќе решава за кадровските решенија во новата влада изјави вечерва во Топ Тема партискиот потпретседател Лулзим Алиу.

-За утре е закажано централното раководство и тој е органот од кај што ќе треба да поминат сите предлози а нив ги дава претседателот на партијата и ако нема некоја забелешка, централното раководство ќе ги усвои тие предлози,  изјави Алиу.

Алиу уште еденаш го повтори ставот на партијата во врска со понудата на Христја Мицкоски, Африм Гаши да биде назначен за премиер.

-Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго која треба да се реши и преговара со Заев и новиот лидер на СДСМ, нашата парија е соочена во друг правец.Јас ценам дека односите помеѓу партиите сега се смирени ако пред неколку години не можеше да се замисли да се преговоара со лидерот на ВМРО, нивниот став е сменет и ние пред кратко време имавме соработка на локалните избори, кажа Алиу.

Слични содржини