Алтернатива: И без учество во Работната група за уставните измени даваме бланко поддршка за ЕУ интеграциите

од Vladimir Zorba

Ја разбираме нервозата на Алијанса. Ресорите кои се под нивна надлежност буквално се распаѓаат. Но, ние не можеме да бидеме одговорни за нивната кадровска и програмска неспособност да се наметнат во Владата, реагираат од партијата на Африм Гаши на соопштението на АА.

„АлтернАтивА во ниту еден момент не слушна од ниту еден претставник на владините партнери дека Работната група ќе се занимава и со други предлози освен со Уставниот амандман за внесувањето на Бугарската и другите заедници во Преамбулата.

Се додека само тој амандман е на дневен ред ние и без учество во Работната група даваме бланко поддршка за ЕУ интеграциите на земјата. А што се однесува до нивните етички квалификации скандалозно и лицемерно е што Алијанса досега не го прифати нашиот Уставен амандман против застарувањето на кривичните дела сторени со политичка корупција.

Дали од страв или заради вето од Артан Груби, си знаат самите!“, додаваат

Слични содржини