Алтернатива: Што слави ДУИ?

од Vladimir Zorba

„Али Ахмети и неговата партија денеска слават 21 година од функционирањето како политичка партија, од кои 20 години ги поминаа со апсолутна власт, и извршна и локална. Знаеме дека овие луѓе одамна го прекинаа контактот со реалноста и со проблемите на луѓето што ги претставуваат, но не можеме да не се запрашаме што слави ДУИ денес?“, се прашуваат од Алтернатива.

„Дали се слави инфериорноста на именувањето на албанскиот јазик во Уставот?

Дали слават за раселувањето на над 300 илјади Албанци за време на нивното владеење?

Дали ја слават диференцијацијата на Албанците и нивниот дискриминаторски третман?

Или можеби го слават неправедното судство од кое и понатаму страдаат Албанците?

Дали ДУИ го слави застојот во образованието, каде на децата Албанци сè уште им недостасуваат учебници или оние што ги имаат се полни со грешки и навреди кон Албанците?

Можеби го слават тоа што мнозинството Албанци не можат да врзат крај со крај поради енормните поскапувања и неуспесите на оваа партија во економијата?

Или едноставно се слави астрономската корупција на машинеријата за збогатување преку ноќ наречена ДУИ?

Оваа партија мора да им се извини на Албанците што 21 година на власт не успеа да ги претставува со дигнитет и да го регулира нивниот државотворен статус во државата, не успеа во економијата и благосостојбата и го спонзорираше празнењето на Северна Македонија од Албанците со нејзиното слабо владеење и штетно.

Албанците ù дадоа на ДУИ повеќе од една можност да ги направи работите како што треба, но веќе тоа време заврши. Сега секој Албанец знае дека ДУИ не носи ништо друго, освен корупција и неуспех, затоа на следните избори ќе гласаат за долгоочекуваната промена“, додаваат од Алтернатива.

Слични содржини