Алтернатива утре ќе соопшти дали ќе стане дел од Владата

од Nikola Popovski

Алтернатива утре на седница на највисокото партиско тело ќе одлучи дали ќе стане дел од Владата. Партиската средба ќе почне утре во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово.

-Седница на Централниот совет на Алтернатива имаме утре во 19 часот во партиското седиштте во Тетово. Утре ќе се донесе конечна одлука . До овој момент ништо не можам да кажам. Утре по завршувањето на седницата ќе имаме прес-конфренција, изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани.

Лидерот на партијата Африм Гаши и премиерот Зоран Заев досегаа имаа три работни средби во Клубот на пратеници, на кои се разговараше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.

На последната средба одржана вчера бил констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.

-Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните, соопштија вчера од Владата.

Слични содржини