Алтернатива утре ќе разговара за соработка со Движењето Беса

од Vladimir Zorba

Централното претседателство на политичката партија Алтернатива утревечер ќе одржи состанок. На средбата се очекува да се разгледа соработката со Движењето Беса, изјавија од Алтернатива.

-Централното претседателство на Алтернативата утревечер ќе се состане и ќе дискутира за следните чекори на соработка со Движењето Беса. Првите контакти даваат надеж дека првата соработка ќе биде во рамките на Собранието, додека за деталите ќе ве информираме по завршувањето на средбата, велат од Алтернатива.

Алтернатива во февруари годинава одлучи да излезе од владината коалиција, откако Алијансата за Албанците донесе одлука да и се приклучи на Влдата.

Слични содржини