Алтернатива вечерва ќе пресече дали ќе биде дел од Владата

од Nikola Popovski

Алтернатива вечерва почна да дискутира дали ќе биде дел од Владата на седница на Централниот совет, највисокото партиско тело. Седницата се одржува во седиштето на партијата во Тетово и започнала во 19 часот.

„Да видиме како ќе тече состанокот. Ќе видиме за ресорите, денеска ќе разговараме, комплетно за програмските определби и за кадровските решенија“, изјавил Африм Гаши кога пристигнал на седницата во Тетово, објави МИА.

Лидерот Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници. Лидерите на СДСМ и Алтернатива беа крајно воздржани за содржината на разговорите.

По последната средба што се одржа во средата, од Владата соопштија дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации во СДСМ и Алтернатива и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада.

Претходно, како што дознавме од наши извори, се очекува Беким Сали да биде нов министер за здравство. Сали е генерален секретар на Алтернатива и стоматолог по професија.

Слични содржини