Алтернатива за „Локално“: Блокада на Собранието не е начин на решавање на проблеми во услови на ваква криза

од Берта Китинска

Секоја партија има свои органи кои носат одлуки за кои мислат дека се добри или во интерес на граѓаните. Тоа е и главното лице на демократијата, вели Фатон Фазлиу од Алтернатива во разговор за „Локално “.

Тој вели дека неговата партија која е дел од владата, во која се работи напорно за надминување на сите тешкотии кои се појавуваат како последица на севкупната светска криза во низа сегменти, смета дека блокадата нема да им служи на граѓаните и дека на таков начин кризата само може да се продлабочи.

-Блокада не е начин на решавање на проблеми во услови на ваква криза. Нам сигурно ни треба повеќе дијалог, комуникација, разбирање и надминување на разликите, нешто што се обидуваме да го поставиме како стандард во ресорите со кои ние управуваме. Ако постои некое големо прашање, што е во интерес на опозицијата, а за што власта нема слух, тогаш блокадата е добро демократско средство за постигнување на целта, но за не постои такво големо прашање што ја наметнува блокада како средство.Опозицијата е важен елемент, без кого не се може во демократија, но секогаш треба да се има на ум дека не ни се дозволува, како што вели една албанска поговорка, при обид за средување на веѓите да ги загрозиме очите, појаснува
тој.

Фазлиу потенцира дека ако блокадата на собранието се поставува како средство за предизвикување на нови избори, тоа може „секој да го направи“.

-Никој во Северна Македонија не треба да бега од избори, но за тоа треба да има некој повод. Ако се согласуваме дека изборите се решение за надминување на кризата, нема да биде крај на светот ако одиме на нови избори. Нормално, притоа треба да се има на ум дека изборите се нови дополнителна своевидна изборна блокада на извршната власт, кампањи и т.н., за на крај можеби да констатираме дека не сме произведувале нешто посебно. Ако блокадата на собранието се поставува како средство за предизвикување на нови избори, тоа може секој утре да го направи и притоа држава секогаш да ни биде во стаклени изборни нозе, објаснува тој.

Според него новите избори би биле само дополнителен елемент што би помогнале во зголемување на кризата.

-Во време кога пандемијата е уште активна, иако значително послаба, во време кога во светот имаме глобална безбедносна криза и во време кога енергетската криза предизвикува други кризи, новите избори би биле само дополнителен елемент што би помогнале во зголемување на кризата.Алтернатива цени дека постојат други средства и можности за надминување на разликите, за прифаќање и други предлози и сугестии, секако и од опозицијата, со цел да не ја ставиме државата во непожелна продлабочена криза, подвлекува Фазлиу.

Б.М.

Слични содржини