Алушовски и Стоилов: Ситуацијата не ни дозволува да бидеме оптимисти

од Aleksandar Petrovski

Во сабота се игра последното 14.коло во групната фаза од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Монпелје. Вардар веќе го осигура пласманот во 1/8 финалето, а единствената дилема пред овој меч е дали ќе заврши на 5.место. За тоа да се случи е потребна победа над Монпелје и пораз на Порто во дуелот со Брест Мешков.

Фото: Вардарфанс.мк

-Не очекува тежок натпревар во сабота. После победата против Мотор ја остваривме примарната цел и пласманот во осминафиналето. Калараш и Горбок беа болни од вироза, не бевме комплетни на тренинзите, но нема изговор, мораме подготвени да излеземе во сабота. Максимално ќе се бориме за секоја топка и само така може да се надеваме на победа. Поради ситуацијата во која се наоѓаме не можеме да кажеме дека ја имаме улогата на фаворит. Сепак, нема да излеземе со бело знаме, но поради сите случувања не можам да бидам голем оптимист“, изјави тренерот Стевче Алушевски.

Кратко обраќање имаше и вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов.

-Ситуацијата е таква каква што е. Монпелје е апсолутен фаворит на натпреварот. Ќе дадеме се од себе да изненадиме и да дојдеме до поволен резултат.

Натпреварот во сабота ќе стартува во терминот од 17:30 часот.

Слични содржини