Алжирски суд осуди 49 лица на смрт поради убиство

од Stefanija Kuzmanovska

Алжирски суд осуди 49 лица на смрт поради линч на сликарот Џамел Бен Исмаил, кој беше обвинет за подметнување на пожар иако, според тврдењата на адвокатот, тој дошол да помогне во гаснењето, пренесува државната новинска агенција.

Покрај тоа, 38 лица се осудени на затворски казни од две до 12 години, изјави адвокатот Хаким Сахеб, член на колективот на доброволни адвокати кои учествуваа во судењето, пренесува АП.

Во групно судење, повеќе од 100 осомничени беа гонети за убиството на сликарот, од кои повеќето беа прогласени за виновни за одредена улога во неговата смрт.

Слични содржини